• четврток, 26 декември 2024

Младински форум во рамки на проектот ,,Направи разлика" во Делчево

Младински форум во рамки на проектот ,,Направи разлика

Делчево, 1 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на проектот ,,Направи разлика", Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, денеска во Делчево организираше  Младински форум, на кој беа презентирани постигнатите резултати од втората година од реализација на проектот „Направи разлика".

Акцент на денешниот настан, како што истакна Невенка Лонгурова Гинова, директор на фондацијата се стави и на нивната работа, обуките што ги проследија, стекнатите вештини, настаните за прибирање средства и реализираните иницијативи.

-Во рамки на Младинскиот форум во Делчево го споделуваме тоа што го реализиравме минатата година и секако ги слушнавме нивните идеи, за тоа на што да се посветиме следната година. Го презентиравме и новиот повик за учество на Младинска банка, кој концепт иако се вика Младинска банка, не е финансиска институција, туку е еден вид вложување на младите, кои преку учество на обуки ќе ги идентификуваат потреби и проблеми и ќе презентираат решенија, како да се решат преку имплементација во пракса, истакна Лонгурова Гинова.

Проектот „Направи Разлика“ во Делчево се предвидува и активност за „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево.

-Во моментот како дел од овој проект имаме поставено неколку клупи во централното градско подрачје, но ќе се постават и на други локации. Исто така како дел од проектот имавме и работилница за здрава храназ со учество на ученици и лица производители на органски здрава храна, додаде Лонгурова Гинова.

 „Младинска галерија", „Турнир во шах и табла" - „Јога час" беа само дел од активностите кои членови на Младинската банка од Делчево ги презентираа пред присутните млади во рамки на денешниот форум.

Проектот е со период на реализација од 22.08.2022 до 20.08.2027 година и со истиот ќе се опфатат сите млади и заинтересирани граѓани кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина за идните генерации, со фокус кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози и одлуки, решавање на најголеми предизвици и проблеми, предлагање на иницијативи и заедничка стратешка работа за нивно успешно решавање и реализирање

Проектот „Направи разлика", финансиски е поддржан преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а истиот е имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во партнерство со Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочани и Виница. Истиот има за цел да ја подобри средината за развој, предводен од заедницата.  вс/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан