• вторник, 12 ноември 2024

Приведен жител од кумановско Лопате, се обидел во казино да размени фалсификувани евра

Приведен жител од кумановско Лопате, се обидел во казино да размени фалсификувани евра

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Четириесет и тригодишен жител на селото Лопате, Кумановско, бил приведен поради сомневање дека во казино пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра.

Како што соопшти МВР,  полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот во Куманово, го лишиле од слобода А.Н.(43).

-Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР. вг/дма/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан