• вторник, 12 ноември 2024

Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и тутун

Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и тутун

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - На Граничниот премин Богородица ноќеска во 01.20 часот е лишен од слобода Н.М. од Гевгелија, поради криумчарење цигари и тутун. 

-При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан