• четврток, 12 февруари 2026

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб

Куманово, 9 февруари 2026 (МИА) - Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб, соопшти денеска СВР Куманово.

- Вчера полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во село Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ и „Куманово“, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб „Башкими“.

По целосното документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави. ам/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан