• вторник, 12 ноември 2024

Приведени рибокрадци во Охрид

Приведени рибокрадци во Охрид

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - На брегот на Охридското езеро во близина на Охрид денеска околу 06.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.

Претходно, како што соопштија од МВР, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми.

- Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. цр/ев/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан