• сабота, 23 ноември 2024

Максим Димитриевски ја започнува кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“

Максим Димитриевски ја започнува кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат на партијата „Движење ЗНАМ - За наша Македонија“ Максим Димитриевски утре официјално ќе ја започне кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“, а насловот на програмата е „Манифест за Македонија“.

Кампањата ќе се одвива со караван со брендиран автобус кој започнува од Крушево, ќе се фокусира на голем број непосредни средби со граѓаните, а ќе организираат и најмалку два митинга. Ќе се обидат да посетат што поголем број места во земјава, а имаат, како што наведе Димитриевски и скромен рекламен материјал, бидејќи немаат можности да финансираат скапа кампања. Тој нагласи дека ќе прифати гостувања на сите тв - емисии и предизборни соочувања со најфаворизираните кандидати во моментов, а тоа се вели кандидатите на СДСМ Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. 

-Ќе тргнеме од Крушево, симболично, каде што се поставени темелите на нашата државност утре во 12 часот ќе ја презентираме програмата, а ќе завршиме последниот ден пред изборниот молк на 22 април во Струмица. Во континуитет ќе се обидеме да допреме до што поголем број на граѓани на непосреден начин да им мобајсниме за нашата програма која ќе содржи пет конкретни начела со конкретни решенија за нашите можности како држава што понатаму и како состојбата во државата да се стабилизира, рече Димитриевски.

Тој посака успешна кампања и изрази уверување дека сите кандидати ќе се придржуваат до Кодексот за фер и демократски избори кој што го потпишаа во ДИК, иако вели не очекува да биде така, ако се имаат вели предвид проблемите околу собирањето на потписи за кандидатурата.

ЗНАМ ќе одржи два големи митинга од кои едниот ќе биде во Куманово, а за другиот дополнително ќе известат.

Во однос на сондажите на јавното мислење, портпаролот на партијата Никола Мемов на брифингот со медиумите информира дека според анкетата што ЗНАМ ја нарачале  од „Маркет вижн“, која е спроведена од 11 до 17 март 2024 година, со телефонско анкетирање со помош на компјутер на репрезентативен примерок од 1500 испитаници, на прашањето за претседателските кандидати нивниот претседател Димитриевски е на второто место.

-На прашањето за кои од кандидатите за претседател би можеле да дадете оценка дека е цврст и силен лидер, Максим Димитриевски е на високото второ место со 24,3 проценти, нешто повеќе од  9 осто има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ која е прва, а трет е Пендаровски (19.1 отсто), рече Мемов. 

Од партијата најавија дека нивен фокус ќе бидат неопределените гласачи и дека според трендот на анкетите кои се објавуваат во јавноста, голема е веројатност дека би можеле да влезат во вториот круг од претседателските избори. вг/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан