• сабота, 31 август 2024

Жител на Стримница повредил соселанец и се пријавил во полиција 

Жител на Стримница повредил соселанец и се пријавил во полиција 

Тетово, 30 август 2024 (МИА) - СВР Тетово информира дека денеска во 14.15 часот О.И. (36) од тетовското село Стримница се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од истото место. Повредениот Ф.Б бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. 

-Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство. Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б., информира СВР Тетово. 

Во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово, полицијтаа презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот. ас/мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан