• среда, 25 декември 2024

Јанев во посета на САД: Градиме поефикасна полиција со поддршка од нашите меѓународни партнери

Јанев во посета на САД: Градиме поефикасна полиција со поддршка од нашите меѓународни партнери

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, кој оваа недела предводи делегација на МВР во САД, имаше можност да го посети седиштето на ИЦИТАП во Министерството за правда на САД, во Вашингтон, каде беше пречекан од Никол Витакер, заменик директор за менаџмент и глобални програми. Посетата, која се одржа по конференцијата NIAIA 2024 во Вашингтон, беше одбележана со значајни дискусии кои се однесуваат на иднината на полициската служба.

-Како директор на БЈБ, ги истакнав нашите планови за реорганизација, развој на модернизирана полиција и зајакнување на односите со заедницата. Овие трансформативни напори се клучни за подобрување на безбедноста и довербата на граѓаните. Заменик директорот Витакер изрази целосна поддршка на овие напори и потврди дека ИЦИТАП е подготвен да помогне во планираната реорганизација, со фокус на зголемување на ефикасноста на полициската служба, рече Јанев.

Тој потенцираше дека клучен дел од оваа трансформација е борбата против корупцијата, која ќе биде силно поддржана со претстојните напори за дигитализација во земјата.

-Овие напори ќе ни овозможат да изградиме полиција која е поефикасна, поодговорна и поблиска до заедницата. Исто така, ќе ни помогнат за развој на ефективни, професионални и транспарентни полициски капацитети кои ги штитат човековите права, се борат против корупцијата и го намалуваат ризикот од  криминал и тероризам, истакна директорот на средбата.

Според него, конференцијата NIAIA 2024 е од големо значење за работата на македонската полиција, бидејќи овозможи размена на искуства и најдобри практики со колеги од целиот свет.

-Оваа платформа даде можност да ги презентираме нашите напори и да добиеме поддршка за нашите иницијативи. Продолжувањето на соработката со ИЦИТАП за Министерството за внатрешни работи е од витално значење за нашите долгорочни цели. Како директор, посветен сум на градење на поодговорна, транспарентна и фокусирана на заедницата полициска служба и верувам дека со поддршката на нашите меѓународни партнери, ќе успееме да ги реализираме овие амбициозни планови, рече Јанев. мч/са/

Фото: МВР

Остани поврзан