• сабота, 31 август 2024

Активни четири пожари

Активни четири пожари

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот вечерва се регистрирани 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а шест се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Чашка - планина Мукос, с.Степанци кон м.в.Кадиица на граница помеѓу општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ораов Дол према Кадиица каде гори мешана шума, во Општина Долнени - село Дреновци над Манастирот каде е зафатена мешана нискостеблеста шума, во Општина Теарце - муслимански гробишта, село Теарце, каде горат сува трева и нива, како и во Општина Гостивар, населба Фазанерија, каде е зафатена сува трева.

Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба - село Смиљковци, во Општина Чучер Санедево - Качанички пат, База на Гранит, во Општина Сарај - село Крушопек, во Општина Штип - полигон Криволак и стрелиште Пенуш (АРМ), во Општина Струмица - село Банско и во Општина Куманово - село Никуњане. Во овие пожари биле зафатени сува трева, ѓубриште, нискостеблеста шума и депонија. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан