• петок, 08 ноември 2024

Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина

Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - И покрај сите законски решенија и стратегии за управување со отпад не успеавме да го намалиме негативното влијание на отпадот во нашата држава, оцени заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на тркалезната маса на тема „Отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои се уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во РСМ“.
 
Додека се бориме да се справиме со отпад од пакување, посочи таа, барем една третина можеме да видиме дека завршува насекаде околу нас, односно во нашата околина.

-За да се справиме директно со проблем од отпад од пакување па и воопшто со целокупен отпад мора да се вооружиме најпрво со знаење, а ние како Министерство очекуваме бизнис секторот да го преземе ова водство, рече  Лешекоскана 

На настанот беше презентиран и 100 проценти еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад.

Според Лашкоска, неопходно е да се разбере зошто отпадот од пакување е толку вознемирувачки и како бизнис лидерите можат да го намалат тоа.

-Токму денес ќе видиме пример дека бизнис заедницата и државните органи вклучувајќи ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина зошто на крајот од денот сите ние го дишиме истиот воздух, консумираме иста вода, се наоѓаме на една иста почва. Имаме и прилика да видиме и позитивни примери коишто треба да ни служат и понатаму како водилка и дека резултатите од овој проект можеби нема да дадат резултати веднаш, меѓутоа се надевам ќе помогне во надминувањето на делумно од овие проблеми или, пак, да придонесеме сите барем да се ублажат одредени негативни последици од досегашното управување со отпад, рече замник министерката.

Една од целите и на овој настан, како што посочи, е преку комуникација да се формира силна професионална структура која ќе развива соработка со националните и локалните институции и ќе учествува при подготовка на закони од областа на управување со отпад и ќе подготвува и спроведува насочени обуки и семинари од областа на одржливото управување со отпад преку најдобро достапните европски и светски техники за сите заинтересирани чинители.

Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад во МЖСПП, истакна дека донесувањето на законската регулатива е многу важно за, како што рече, да може да знае и бизнисот како понатаму да се ориентира, не само локалните заедници или локалните власти кои се надлежни за управување со комуналниот отпад.

-Можеме да забележиме дека има одреден напредок, не е се’ така црно, се уште ни претстои многу работа во смисла на тоа дека ние првенствено треба да си го собереме отпадот и токму тука бизнисот е засегнат бидејќи и отворањето на нови бизниси и носењето на нови технологии без ние како држава заедно со ЗЕЛС и производителите коишто имаат обврска преку својата проширена одговорност ако не воспоставиме систем за собирање на овој отпад или на кој било отпад тешко дека од индустријата некој ќе опстане и ќе продолжи да работи. Затоа најмногу сме фокусирани токму на примарната селекција кај граѓаните, кај домаќинствата. Ние на тоа веќе интензивно работиме како МЖСПП, но и фокусирани сме на колективните постапувачи коишто се одговорни во име на своите производители кои се нивни членови да го воспоставиме овој систем и за домаќинствата и за правните лица, рече Мазневска.фф/са.

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан