Првпат кандидат од МВР номиниран за потпретседател за Европа во ИК на ИНТЕРПОЛ
- Првпат кандидат од МВР на Република Северна Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Првпат кандидат од МВР на Република Северна Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија на 90.Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Како што објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, првпат со свој кандидат учествуваше Националното централно биро при МВР, со началничката Бранислава Стојчевски.
Покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата беа кандидати од Андора, Белгија, Руската Федерација и Република Турција, а за потпретседател за Европа во Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ беше избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер. цр/са/