• сабота, 06 декември 2025

Почна судењето на 54-годишниот поранешен штипски угостител, обвинет за убиство на неговата 84-годишна мајка

Почна судењето на 54-годишниот поранешен штипски угостител, обвинет за убиство на неговата 84-годишна мајка

Штип, 5 декември 2025 (МИА) - Почна, но веднаш се одложи судското рочиште против 54 годишниот Стојанче Зарков кој е обвинет дека на 8 август ја убил, својата 84 годишна мајка. На почетокот на судското рочиште, обвинителката во Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип, Тања Кацаров како дополнителен доказ го поднесе и вештачењето на ножот, на кој има траги од крв од убиента 84 годишна жена, но и на обвинетиот Зарков. Бранителот и обвинетиот побараа да се одложи судењето, со цел да го видат и анализираат доставениот доказ. Судечки судија е Сашко Ѓеорѓиев од Основниот суд во Штип.

Инаку, од  Министерството за внатрешни работи на 8 август 2025 година, информираа дека околу 02:00 часот, во семејниот дом во Штип. С.З. со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, по што таа починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје било пронајдено и одземено за натамошна постапка, соопштија од МВР на 8 август.

Обвинетиот е познат на штипската јавност, како поранешен сопственик на угостителски објект. вдј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан