Почина 10-годишно дете по пад од балкон во Тетово
- Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело.
Тетово, 3 март 2026 (МИА) - Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело.
Во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово.
-Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, се вели во информацијата на СВР Тетово.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. ас/дма/
Фото: МИА архива