• четврток, 05 март 2026

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден

Куманово, 4 март 2026 (МИА) - Три случаи на врсничко насилство во основни училишта биле пријавени вчера во СВР Куманово. 

Првиот случај во СВР Куманово го пријавила триесет и едногодишната А.С. во 14:09 часот, посочувајќи дека во училишен двор на основно општинско училиште во Долно Којнаре, кумановско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. 

Во 12:45 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од село Доброшане, кумановско, пријави дека на 27 февруари, околу 13:30 часот во основно општинско училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзини соученици. 

Вчера во 12:45 часот во СВР Куманово, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека подолг период во основното училиште во Куманово, во кое учел нејзиниот 12-годишен син бил малтретиран од негов соученик. 

-Според пријавеното, соученикот често го навредувал и се исмејувал на нејзиниот син, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата. Исто така, 35-годишната жена пријавила дека син ѝ го информирал педагогот во училиштето, но не било преземено ништо, ниту пак ја информирале неа. Над малолетникот биле извршени прегледи во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија, соопшти полицијата.

СВР Куманово, презема мерки за расчистување на случајот. ам/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан