ПИОСМ го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот за 2025 година
- Таа додаде дека во целиот процес на вршењето на пописот се применети и укажувањата на Државниот завод за ревизија од претходните години, а се со цел оневзможување на било какви грешки и прикажување на реалната слика со имотот на Фондот.
Скопје, 6 февруари 2026
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и првата седница. На седницата единствената точка на дневниот ред беше Предлог - Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година, стои во соопштението на ПИОСМ што МИА го пренесува интегрално.
Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи образлагајќи го материјалот рече дека Извештајот е направен врз основа на сите законски прописи. Таа додаде дека во целиот процес на вршењето на пописот се применети и укажувањата на Државниот завод за ревизија од претходните години, а се со цел оневзможување на било какви грешки и прикажување на реалната слика со имотот на Фондот.
Членовите на Управниот одбор нагласија дека од приложеното се гледа оти е извршена обемна работа и Извештајот ја отсликува состојбата со имотот на Фондот.
Управниот одбор го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година, како и Одлуките кои произлегуваат од него.
Фото: МИА архива