• вторник, 17 декември 2024

Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

Скопје, 14 декември 2024 

Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат.

Артан Груби со години бил алфа и омега во судството, судиите наместо по закон суделе по налог на Груби.

Довербата во судството е само 2% заради тоа што судиите, наместо по закон, работеле под притисок.

Во ситуација кога знаеме дека Груби обликувал судски одлуки, логички се поставува прашањето, колку предмети се завршени под негов диктат?

Во колку предмети правдата не излегла или никогаш нема да излезе на виделина, затоа што Артан Груби земал мито?

Артан Груби и СДС го имаа приватизирано судството.

Паниката кај ДУИ и СДС е и затоа што не можат веќе да влијаат на цели одлуки и обвиненија, и ќе мора да одговараат за сите криминали кои ги правеле.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ

 


 

Остани поврзан