Министерот Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
- Како што соопшти МВР, министерот Тошковски заедно со деканот на факултетот за безбедност Јонче Ивановски, директорот на РСБСП Горан Ангеловски и полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје разговараа со граѓаните на сите актуелни од областа на сообраќајот каде доследното почитување на правилата се важни за правилното и безбедно учествување во сообраќајот.
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата (РСБСП) и Факултетот за безбедност учествуваше во заеднички превентивни активности насочени кон едукација на граѓаните.
Како што соопшти МВР, министерот Тошковски заедно со деканот на факултетот за безбедност Јонче Ивановски, директорот на РСБСП Горан Ангеловски и полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје разговараа со граѓаните на сите актуелни од областа на сообраќајот каде доследното почитување на правилата се важни за правилното и безбедно учествување во сообраќајот.
- До граѓаните преку разговор и делење на едукативни материјали беа пренесени пораките како задолжителното користење на зимска опрема, вози одговорно значи патувај безбедно, и јас и ти сме пешаци, вози одморен, носи кацига, секогаш стави појас што се правила кои треба да ги почитуваат сите учесници во сообраќајот и пешаците и возачите, се наведува во соопштението.
МВР, заедно со РСБПС и Факултетот за безбедност во текот на годината заеднички изведуваат голем број вакви превентивни активности со цел едукација на граѓаните за своите обврски и права кои ги имаат како учесници во сообраќајот. ев/са/
Фото: МВР