• среда, 18 декември 2024

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Дебар

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Дебар

Дебар, 17 декември 2024 (МИА) - Попладнево во 18:01 часот во Албанија регистриран е земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е на 12 километри од гратчето Бурел, во источниот дел на земјата  на околу 40 километри од Тирана и е почувствуван во повеќе делови во земјата.

Потресот, поради близината е почувствуван и во Дебар и околината. вт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан