Петрушевски: За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни
- СООПШТЕНИЕ - За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни.
Скопје, 28 октомври 2024
За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни.
Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.
Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дрка реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.
На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.
Владата останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните.
Покрај намалување на цените, растат пензиите и платите.
СДС додека беа на власт животниот стандард паѓаше. Неспособноста заврши со нив.
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.