• среда, 04 март 2026

Општина Аеродром ќе доделува признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина

Општина Аеродром ќе доделува признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.

Признанијата, како што информираат од локалната самоуправа, се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.

-Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица. Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот. Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, соопшти Општина Аеродром.

Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566.вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан