• сабота, 23 ноември 2024

Околу 25 тони радиоактивен отпад истече од нуклеарната централа Фукушима-1

Околу 25 тони радиоактивен отпад истече од нуклеарната централа Фукушима-1

Токио, 14 август 2024 (МИА) - Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. 

Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување.

Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед.

Нуклеарната катастрофа во 2011 година во нуклеарната централа Фукушима-1 беше предизвикана од цунами предизвикано од земјотрес што ги уништи генераторите за итни случаи кои обезбедуваат енергија за ладење на реакторите.

Плановите предвидуваат нуклеарниот објект целосно да биде деактивиран до 2050 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан