• петок, 04 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Тел Авив, 30 март 2025 (МИА) - Израелската армија соопшти дека денеска пресретнала проектил истрелан од Јемен.

- Откако утрово се огласија сирените во неколку региони на Израел, ракетата лансирана од Јемен беше пресретната од израелското воздухопловство пред да навлезе на израелска територија, се наведува во соопштението на израелската армија.

По почетокот на војната во Појасот Газа, јеменските бунтовници Хути, кои имаат поддршка од Иран, во знак на солидарност со Палестинците, извршија десетина ракетни напади врз Израел и во Црвено Море.

Хутите најавија дека ќе ги интензивираат нападите сè додека Израел ја бомбардира палестинската енклава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан