• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петмина загинати во рускиот напад со дронови врз Харков

Петмина загинати во рускиот напад со дронови врз Харков

Киев, 4 април 2025 (МИА) - Бројот на загинатите во рускиот ноќен напад со дронови врз Харков се искачи на пет, јави Укринформ, повикувајќи се на изјавата на гувернерот на Харковската област, Олег Синегубов.

Првичните податоци на Синегубов говореа за четири жртви, но подоцна тој соопшти преку „Телеграм“ дека 88-годишен маж, кој бил во критична состојба, починал, со што бројот на загинати се зголеми на пет. Во нападот се повредени 32 лица.

Руски дронови „Шахед“ погодиле станбена зграда, по што избувнал пожар.

Харков, град во североисточна Украина, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, редовно е цел на руски напади од почетокот на целосната инвазија пред повеќе од три години. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан