• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Акунџада: Авганистан нема потреба од западни закони

Акунџада: Авганистан нема потреба од западни закони

Кабул, 30 март 2025 (МИА) – Врховниот лидер на талибанците во Авганистан, Хинатулах Акунџада, во денешниот проповед по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам, изјави дека земјата нема потреба од западните закони.

- Нема потреба за закони, кои потекнуваат од Западот. Ние ќе си креираме свои закони. Демократијата е мртва сè додека шеријатските закони се во сила, истакна Акунџада на паштунски јазик во кандахарската џамија Еидгах.

Тој упати критика кон Западот, истакнувајќи оти неверниците се обединиле против муслиманите. Според него САД и други западни држави се обединети во своето непријателство кон исламот, а како пример ја наведе војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Неговата проповед од 50 минути е објавена на платформата Икс.

Врз основа на талибанското толкување на шеријатот, авганистанските жени и девојки не можат да се образуваат, не смеат да извршуваат многу работи или да престојуваат на јавни места. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан