• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Цивилна одбрана на Појасот Газа: Најмалку 15 лица загинаа во два израелски напади

Цивилна одбрана на Појасот Газа: Најмалку 15 лица загинаа во два израелски напади

Газа, 2 април 2025 (МИА) - Најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, загинаа во два израелски напади во Појасот Газа, соопшти утринава Цивилната одбрана на таа палестинска територија.

Нападите биле на две куќи во кои биле сместени раселени Палестинци.

Портпаролот на цивилната одбрана изјави дека во нападот на куќа во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа, загинале 13 лица, а меѓу нив има и деца.

Вториот напад бил врз куќа во Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, каде се убиени две лица. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан