• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хегсет: Улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна

Хегсет: Улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна

Токио, 30 март 2025 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска за време на посетата на Токио изјави дека улогата на Јапонија во соочувањето со кинеската агресија е неизбежна, а истовремено најави и зајакнување на американската воена команда во таа земја.

„Јапонија е наш партнер без кој не можеме во одвраќањето на комунистичката кинеска воена агресија, вклучително и во подрачјето на теснецот Тајван“, му рече Хегсет на јапонскиот министер за одбрана Гену Накатани.

Американски официјален претставник ја нарече Јапонија камен-темелник на мирот и безбедноста во индо-пацифичкиот регион, додавајќи дека администрацијата на Трамп ќе продолжи тесно да соработува со својот клучен сојузник во Азија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан