Велика Британија и ЕУ ветија дека ќе ја зголемат помошта за Судан
- Европската унија и Велика Британија денеска ветија дека ќе ја зголемат помошта за Судан. Ветувањето беше дадено за време на конференцијата во Лондон по повод втората годишнина од почетокот на конфликтот во оваа африканска земја, во која се раселени неколку милиони луѓе.

Лондон, 15 април 2025 (МИА) - Европската унија и Велика Британија денеска ветија дека ќе ја зголемат помошта за Судан. Ветувањето беше дадено за време на конференцијата во Лондон по повод втората годишнина од почетокот на конфликтот во оваа африканска земја, во која се раселени неколку милиони луѓе.
Европската унија и земјите-членки ветија над 522 милиони евра за решавање на кризата, додека Велика Британија најави дополнителни 120 милиони фунти помош.
Велика Британија соопшти дека конференцијата имала за цел да ја подобри кохерентноста на меѓународниот одговор на кризата, иако суданската Влада го критикуваше собирот, бидејќи не беа поканети претставници од ниту една страна на конфликтот. рп/
Фото: МИА архива