• недела, 24 ноември 2024

Нојер: Нормално е играчите да земаат пониски плати

Нојер: Нормално е играчите да земаат пониски плати
Минхен, 25 март 2020 (МИА) - Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер изјави дека е природно играчите да прифатат намалување на платите заради кризата со коронавирус. Фудбалерите на Баерн се согласија да ги намалат надоместоците и Нојер ги повика сите клубови да го следат овој тренд. - Ние, играчите, имаме привилегија да примаме високи плати и сосема е нормално да ги намалиме платите кога е потребно. Баерн има околу 1.000 вработени кои исто така прават вршат задачи. Сакаме да им помогнеме како тим и со тој потег ние им даваме безбедност и тие ги задржуваат своите работи, рече Мануел Нојер. Играчите на чело со Нојер и Баерн се согласија да им ги намалат платите за 20 проценти како одговор на кризата. Ова ќе му помогне на клубот да не отпушта персонал и да ги намалува платите. Германската репрезентација веќе објави дека донира 2,5 милиони евра на социјални каузи за да им помогнат на оние кои се погодени од кризата, а Нојер е непокорен дека оваа одлука воопшто не била тешка.

Тагови

Остани поврзан