• вторник, 12 ноември 2024

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, каде има и најмногу снег - 46 сантиметри.

Во Берово се измерени -13 степени, во Крушево -12 , во Маврови Анови -11,  во Битола -9, во Охрид -8, во Крива Паланка, Штип, Виница, Прилеп и Претор -7,  во Демир Капија и  Куманово -6 , во Струмица -5, во Скопје-Петровец и Тетово -4, во Скопје-Зајчев Рид -3, а во Гевгелија и  Дојран -2 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 18 сантиметри во Маврови Анови, шест сантиметри во Ѓуриште, четири сантиметри во Берово и Крушево и еден сантиметар во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во северозападните делови ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степена. дма/сп/

Остани поврзан