• сабота, 23 ноември 2024

Седница на Уставен суд

Седница на Уставен суд

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) – Уставниот суд денеска треба да ја одржи 28. Седница. На дневен ред, како што е најавено, се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободите и правата и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки. 

Барањето за заштита на слободите и правата се однесува за оспорени дејствија на Министерство за внатрешни работи. 

Според наводите во барањето, поднесено од Глигорие Ќатоски, со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, подносителот на барањето тврди дека му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

-Со официјалното соопштение на МВР од 11.02.2024 година подносителот за прв пат дознава дека и возачката дозвола нема да важи доколку е со старото име на државата со што тој смета дека му е ограничено користењето на патничкото моторно возило и слободата на движење. Оттука, со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Република Северна Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето. аа/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан