• сабота, 31 август 2024

Моралната полиција на талибанците во Авганистан приведе шест лица под обвинение дека пуштале музика

Моралната полиција на талибанците во Авганистан приведе шест лица под обвинение дека пуштале музика

Кабул, 2 септември 2023 (МИА) - Моралната полиција на талибанците приведе шест лица под обвинение дека свиреле на музички инструменти во северната авганистанска провинција Балк, јави денеска ДПА, повикувајќи се на каналот Толоњуз.

Портпаролот на талибанците изјави дека обвинетите биле приведени за време на семеен собир во градот Мазар-е-Шариф, но не даде дополнителни детали за случајот.

Талибанската Влада ја гледа музиката како форма на „корупција“ и додава дека тоа води до „заведување на младите и уништување на општеството“.

Откако талибанците се вратија на власт во 2021 година, им забранија на авганистанските медиуми да пуштаат музика. Неодамна, на сопствениците на свадбените сали им беше наложено да се воздржат од пуштање музика.

Активностите што се против исламските правила беа исто така забранети за време на свадби и други слични настани. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан