• недела, 01 септември 2024

Турската полиција спречи терористички напад во Истанбул

Турската полиција спречи терористички напад во Истанбул

Истанбул, 30 август 2024 (МИА) - Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми.

Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад.

За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација.

Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја.ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан