• вторник, 24 декември 2024

ОН: Повеќе од 150 малолетници убиени во израелските напади на Западниот Брег од 7 октомври

ОН: Повеќе од 150 малолетници убиени во израелските напади на Западниот Брег од 7 октомври

Женева, 30 август 2024 (МИА) - Обединетите нации соопштија дека повеќе од 150 малолетници се убиени на окупираниот Западен Брег, кој од 7 октомври минатата година е изложен на сè почести напади од страна на израелската војска и Израелци кои узурпираат палестински територии.

Филип Лазарини, генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (UNRWA), изјави дека повеќе од 150 деца биле убиени на Западниот Брег во нападите од 7 октомври минатата година.

Тој посочи дека нападите на израелските сили на северот од Западниот Брег продолжуваат да засегаат десетици илјади палестински бегалци во четири бегалски кампови во регионот.

Лазарини изјави дека UNRWA морала да ги прекине своите услуги во некои кампови на Западниот Брег. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан