• недела, 06 октомври 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 11 септември 2021 (МИА) - Вчера полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 21 возачи. На 10.09.2021 околу 10:30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ на место викано „Дупки“ од полициски службеници приведени се А.Б.(23) и К.С.(30) двајцата од Р.Косово поради обид за илегално преминување на државната граница. Лицата се предедени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции- Скопје за понатамошна постапка. На 10.09.2021 во 22:15 часот на граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е приведен О.Ф.(54) од Р.Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка. На 10.09.2021 во 11:45 часот во СВР Скопје, М.М.(64) од Скопје пријавил дека на улица „Иван Хаџиниколов“, бил каснат од куче скитник. Вчера полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги чинат пешаците на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 18 пешаци. На 10.09.2021 во 12:15 часот во Полициска станица Прилеп, Т.Ј. пријавил сообраќајна незгода на патот Битола- Прилеп во близина на село Ерековци. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на патот Битола-Прилеп патничко моторно возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.М.(47) од село Дебреште излегло надвор од коловозот. Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил Н.М. кои му биле констатирани од доктор во општа болница-Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп. На 10.09.2021 година од 10 до 15 часот, при извршени  сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци пoради небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид-16, Струга-09, Кичево-23, Дебар-02). Дополнително, во Охрид  регистрирани се три прекршоци направени од возачи на моторцили. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори,, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје. На него, одредена му е мерка притвор од 30 дена. При претрес извршен на 04.09.2021 година, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението Канабис како и пет стебла насадени во пластични саксии. На 10.09.2021 во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение  на 09.09.2021 се вратила нивната штитеничка Л.Д.(18) која на 31.08.2021 била пријавен дека се оддалечила од установата. На 10.09.2021 во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортски објект на подрачје на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(29) и Б.В.Т.(37) двете од Скопје. Сочинети  се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ. На 10.09.2021 во 18:24 часот во СВР Скопје, М.С.(23) од Скопје пријавил дека околу 18 часот во близина на угостителски објекти во трговски центар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 18:45 часот во СВР Скопје, А.Т.(57) од село Волково, скопско пријавил дека на 09.09.2021 околу 19:45 часот на подрачје на Карпош по претходно случена сообраќајна несреќа бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 17:30 часот од полициски службеници на СВР Скопје е пронајден и лишен од слобода 13 годишен малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. На 10.09.2021 во 15:50 часот во СВР Битола, С.Т.(54) од Битола пријавила дека на 02.06.2021 во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 11.09.2021 во 00:50 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека пред угостителски објект во Кочани по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(41) и П.П.(22) двајцата од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во неговиот дом во Богданци од неговата сопруга е пронајден починат Б.С. (79) кој имал здравствени проблеми. Лекар од итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, а по овластување на јавен обвинител издадена е наредба за обдукција. На 10.09.2021 во 16:30 часот во СВР Струмица, М.Е.(22) од Струмица пријавил дека додека бил во неговиот дом во Струмица заедно со неговото семејство биле физички нападнат од М.Н., Е.Н., М.Н. и уште едно лице, по што пријавителот од пријавените со возило бил однесен на место викано  „Цареви Кули“ каде повторно бил физички нападнат од претходно пријавените и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 14:35 часот во ОВР-Кавадарци, К.Ѓ.(53) од Кавадарци пријавил дека околу 08:45 часот во канцеларија на локална самоуправа во Кавадарци бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 22:40 часот на улица „29-ти Ноември“ во Тетово од полициски службеници од СВР  Тетово е лишен од слобода А.Д.(41) од Велес поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, пријавено од Ц.С. од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 11.09.2021 во 01 часот во Полициско одделение Галате, Ш.С.(23) од село Врапчиште,гостиварско пријавил дека на 10.09.2021 околу 23.10 часот  во село Врапчиште по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од А.С. и М.А. двајцата од тоа село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.09.2021 во 20:50 часот во село Градец од полициски службеници од Полициско оддление Галате се лишени од слобода В.А.(35) и Б.А.(69), двајцата од село Градец поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по член 235 од Кривичен законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. свс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан