• недела, 06 октомври 2024

Едно лице повредено во Чаир, во него пукано од возило

Едно лице повредено во Чаир, во него пукано од возило

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Едно лице е повредено вечерва во скопската општина Чаир откако во него било пукано од возило „пасат“. Повредениот е однесен во Градската општа болнуца „Наум Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека случајот е пријавен во 20:20 часот.

- На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата „Цветан Димов“ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило „пасат“, се вели во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

Фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан