• вторник, 26 ноември 2024

Марк Руте во посета на Турција и Грција 

Марк Руте во посета на Турција и Грција 

Брисел, 25 ноември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска и утре ќе ги и посети Турција и Грција. 

Како што соопшти Алијансата, Руте денеска ќе престојува во Анкара, каде ќе има средби со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и со турските министри за надворешни работи и за  одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер. 

Руте ќе има средба со претставници на турската одбранбена индустрија, а ќе посети и фабрика на „Турската воздухопловна и вселенска индустрија“ (ТУСАШ). 

Предвидено е генералниот секретар на НАТО да положи и венец на мавзолејот на основачот на турската република Кемал Ататурк. 

Утре, пак, Руте ќе престојува во Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Грција, Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан