• среда, 27 ноември 2024

Турската полиција уапси 54 осомничени припадници на терористичката организација „Исламската држава“

Турската полиција уапси 54 осомничени припадници на терористичката организација „Исламската држава“

Анкара, 26 ноември 2024 (МИА) - Турската полиција уапси 54 осомничени членови на терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) во текот на низа операции низ земјата, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Операциите беа спроведени во 18 провинции, вклучувајќи ги Афионкарахисар, Ајдин, Маниса, Бурса и Истанбул, објави Јерликаја на платформата Икс.

„Во операциите „ГУРЗ-27“ против терористичките организации ПКК/КЦК-ПИД/ИПГ во 30 провинции, уапсени се 231 осомничен член на терористичката организација... Одлучно ќе продолжиме со нашата борба се додека и последниот терорист не биде неутрализиран, рече турскиот министер.

Тој изјави дека обвинителството покренало истрага против осомничените. Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, обвинувајќи ја за низа смртоносни напади во земјата од 2015 година, вклучувајќи го и нападот во јануари врз Римокатоличката црква во Истанбул, во кој загина едно лице. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан