• петок, 27 декември 2024

Стелантис предвидува затворање на фабрика во Британија, загрозени стотици работни места

Стелантис предвидува затворање на фабрика во Британија, загрозени стотици работни места

Лондон, 26 ноември 2024 (МИА) – Производителот на автомобили Стелантис денеска соопшти дека планира да ја затвори фабриката во Лутон, северен Лондон, за да се концентрира на производство на друга локација во Велика Британија, а одлуката може да доведе до укинување на стотици работни места.

Повеќе од 1.100 луѓе во моментов се вработени со полно работно време во Лутон, според компанијата.

Некои би можеле да бидат преместени на друга локација во Елесмер Порт, оддалечена 300 километри, во северна Англија, каде што ќе се отворат „стотици постојани работни места“, соопшти Стелантис, матичната компанија на Пежо, Фиат и Крајслер.

Компанијата почна консултации со вработените и синдикатите. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан