• сабота, 28 декември 2024

Бајден потврди дека Израел и Хезболах договорија примирје

Бајден потврди дека Израел и Хезболах договорија примирје

Вашингтон, 26 ноември 2024 (МИА) – Израел и Либан го прифатија договорот за прекин на огнот за да се стави крај на борбите на Израел со Хезболах, објави американскиот претседател Џо Бајден.

Тој рече дека „Израел не ја почна оваа војна“, а ни либанскиот народ.

- Од почетокот на војната со Хезболах, повеќе од 70.000 Израелци и над 300.000 Либанци беа принудени да живеат како бегалци, рече тој.

Бајден објасни дека договорот стапува во сила во 4 часот наутро по локално време.

- Борбите преку израелско-либанската граница ќе престанат. Ова е осмислено како траен прекин на непријателствата. Она што остана од Хезболах и другите терористички организации повеќе нема да смее да ја загрозува безбедноста, истакна американскиот претседател. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан