• среда, 27 ноември 2024

Русија спроведува „геноцидни активности“ користејќи противпешадиски мини во Украина, тврди претставник на украинското Министерство за одбрана

Русија спроведува „геноцидни активности“ користејќи противпешадиски мини во Украина, тврди претставник на украинското Министерство за одбрана

Пном Пен, 26 ноември 2024 (МИА) - Русија спроведува „геноцидни активности“ користејќи противпешадиски мини во Украина. Москва ги користеше овие мини против „градови, земјоделски стоки, станици за јавен превоз“, изјави денеска Олександр Рјабцев, претставник на украинското Министерство за одбрана на меѓународна конференција во Камбоџа.

Тие закани, додаде тој, се насочени кон региони каде живеат околу шест милиони Украинци.

Претходно денеска Киев објави дека се откажува од својата заложба да ги уништи преостанатите резерви противпешадиски нагазни мини наследени од советската ера.

„За жал, спроведувањето на оваа обврска во овој момент не е можно“, рече Евгениј Кившик, претставник на украинското Министерство за одбрана, кој учествува на конференцијата во Камбоџа.

Тој додаде дека руската агресија „влијае на прилагодување на плановите за уништување на залихите со мини“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан