• петок, 27 декември 2024

Руска новинарка осудена на четири години затвор заради соработа со Радио Слободна Европа

Руска новинарка осудена на четири години затвор заради соработа со Радио Слободна Европа

Москва, 26 ноември 2024 (МИА) - Новинарката Ника Новак (24) е осудена на четири години затвор во Русија поради соработка со странска организација.

Како што пренесуваат странските агенции, не е точно јасно зошто Новак е уапсена, но таа претходно работела како хонорарец за Радио Слободна Европа, финансирано од американските власти.

Судот во градот Чита во Забајкалската покраинаа соопшти дека Новак е прогласена за виновна поради соработка со претставник на странски медиум „по чии инструкции, за паричен надомест, помогнала да се подготват лажни материјали кои ги дискредитираат вооружените сили на Русија и владините агенции.

Како што се наведува во соопштението, целта на нејзиното однесување била да го наруши угледот на Русија и да ја дестабилизира земјата. Организацијата за заштита на човековите права Меморијал соопшти дека Новак е политички затвореник.

Новак беше и главна уредничка на Zab.ru, локален сајт за вести во Чита, и организираше музички и поетски вечери. Чита е мал град на далечниот исток на Русија, кој е поблиску до Јапонија отколку Москва. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан