• вторник, 12 ноември 2024

Маричиќ-Хурелбринк: Фондацијата „Фридрих Еберт“ со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ агендата

Маричиќ-Хурелбринк: Фондацијата „Фридрих Еберт“ со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ агендата

Скопје, 31 август 2023 ( МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со Питер Хурелбринк, новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС). На средбата присуствуваше и директорот во заминување Рене Шле.

Од Секретаријатот за европски прашања соопштија дека главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија.

Од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, е потврдена поддршката и заложбата на фондацијата во исполнувањето и достигнувањето на реформските процеси и ЕУ агендата.

Маричиќ на средбата ја потенцира важноста на соработката со „Фридрих Еберт“ и  значајниот придонес кој фондацијата ја дава на демократските и реформски процеси за исполнување на нашата стратешка цел -  членството во ЕУ.

- Во периодов пред нас, кој ќе биде динамичен и важен поради процесот на пристапување во ЕУ, ќе ја продолжиме и унапредиме соработката и со нови активности ќе го зајакнеме нашето партнерство, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ упати благодарност  на досегашната соработка на директорот на ФЕС во заминување Рене Шле и му посака успех во понатамошните работни ангажмани. љм/са/

Фото: СЕП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан