• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер сити можеби нема да го продолжи договорот со Де Брујне

Манчестер сити можеби нема да го продолжи договорот со Де Брујне

Манчестер, 23 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне може да го напушти клубот, пренесува „Football Insider“.

„Граѓаните“ може да бидат принудени да ја прекинат соработката со 32-годишниот Белгиец доколку тој продолжи да се повредува често.

Де Брујне оваа сезона одигра само два натпревара за Сити.

Сепак, Де Брујне во минатите сезони беше еден од најзаслужните за успесите на Манчестер сити, па останува да се види дали тренерот Пеп Гвардиола ќе може да смета не неговите услуги подолгорочно. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан