• среда, 04 март 2026

Приведен турски државјанин, во патничко возило превезувал мигранти

Приведен турски државјанин, во патничко возило превезувал мигранти

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - На локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, синоќа во 23 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишиле од слобода Ф.С.(46) од Република Турција, кој превезувал мигранти. 

-При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција, велат од МВР.

Лицето е приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/

Фото МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан