• вторник, 12 ноември 2024

ЛДП: За да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сувите дрвја во Скопје, и да се заменат со нови

ЛДП: За да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сувите дрвја во Скопје, и да се заменат со нови

Скопје, 4 август 2024

По секој пороен дожд или силен ветер, граѓаните пријавуваат штети, а Град Скопје се однесува како да нема градоначалник, реагираат од Либерално-демократската партија.

- Со цел да спречат несреќи, итно да се започне со сечење на сите суви дрвја во Скопје, и да се заменат со нови, здрави садници, со што ќе се обезбеди континуитет во зелениот појас на нашиот град и ќе се подобри квалитетот на животната средина. Овие дрва претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите граѓани и нивните возила, бидејќи постои голема можност од паѓање и предизвикување штети, предлагаат од партијата. 

ЛДП ги повикува надлежните институции во Град Скопје да преземат соодветни и брзи мерки за решавање на овој проблем.  

-Нашата цел е да обезбедиме сигурност и убавина за сите жители на Скопје, велат од ЛДП.

ЛДП

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан