Кумановци да пријават хаварисани возила во инспекција, за да бидат остстранети на трошок на постапувачот
- Доколку сопствениците на неисправните или хаварисани моторни возила, оставени на јавно прометна површина не постапат согласно оваа законска обврска, возилата ќе бидат отстранети од колективниот постапувач со хаварисани и отпадни возила, а трошоците за отстранување ќе бидат на сметка на сопствениците на неисправните возила.
Куманово, 10 февруари 2026 (МИА)-Кумановци кои поседуваат хаварисани и отпадни возила, оставени на јавните површини да ги пријават до секторот за инспекциски надзор, за да бидат отстранети на сметка на колективниот постапувач, апелираа денеска од општина Куманово.

-Согласно одлука за комунален ред на Општина Куманово, сите сопственици на неисправни, хаварисани и отпадни моторни возила, кои се оставени на јавно прометна површина, потребно е да се одјават во Одделение за управни работи Куманово (на ул. ЈНА бб). Со добиената потврда за одјава, граѓаните треба да се јават во Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат при Општината, на ул. Братство и единство бр. 18, Куманово (спроти градскиот стадион), со цел овие возила да бидат отстранети на сметка на колективен постапувач со хаварисани и отпадни возила, информираа од општината.
Доколку сопствениците на неисправните или хаварисани моторни возила, оставени на јавно прометна површина не постапат согласно оваа законска обврска, возилата ќе бидат отстранети од колективниот постапувач со хаварисани и отпадни возила, а трошоците за отстранување ќе бидат на сметка на сопствениците на неисправните возила. Воедно, како што нагласуваат од општината, сопствениците на хаварисаните и отпадни моторни возила ќе се соочат со прекршочна постапка од соодветен орган.
Претходно, надлежните локални и државни институции (од општина Куманово, од СВР Куманово, од Сектор за инспекциски надзор – инспекторат, комунални дејности и координаторите на советничките групи на Советот на Општина Куманово) одржаа состанок на кој посочија дека ќе најдат соодветен начин да се отстранат возилата од јавно-прометните површини.
Лани, се спроведе слична акција, но речиси и да немаше интерес за отстранување од граѓаните. ам/лв/
Фото МИА