Комеморативна седница во чест на универзитетскиот професор Тодор Делипетров
- Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска со комеморативна седница му оддаде почит на проф. д-р Тодор Делипетров, кој почина во почетокот на годината на 75-годишна возраст.
Штип, 3 март 2026 (МИА) - Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска со комеморативна седница му оддаде почит на проф. д-р Тодор Делипетров, кој почина во почетокот на годината на 75-годишна возраст.
Својот работен век професорот Делипетров го помина на Рударско-геолошкиот факултет, чиј наследник е сегашниот Факултет за природни и технички науки.
За редовен професор во наставно-научната област применета геофизика бил избран во 1999 година. Од тогаш, па до пензионирањето во 2018 година, бил континуирано вклучен во наставно-образовниот процес со студентите на наставните програми геологија, рударство, географија и заштита на животната средина. Автор е на повеќе од 100 научни и стручни трудови и материјали за предавања во соодветните области.

Проф. д-р Тодор Делипетров е и дел од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и како што беше речено на комеморацијата, остави длабок белег и наследство во развојот на високото образование и научноистражувачката дејност во Македонија.
На комеморацијата присуствуваа раководството и колективот на Факултетот за природни и технички науки, како и претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ и ректорот проф. д-р Дејан Мираковски. вдј/лв/
Фото: МИА