• недела, 24 ноември 2024

Карпов хоспитализиран со повреда на главата

Карпов хоспитализиран со повреда на главата
Москва, 1 ноември 2022 (МИА) – Поранешниот шаховски светски првак, Анатолиј Карпов се здобил со повреда на главата по пад во влезот од својот дом. Неговата сопруга за руските медиуми соопшти дека Карпов се здобил со повреда на главата и е во болница во Москва. - Во саботата го напуштивме влезот со него. Се лизна и падна. Кога стана, куцаше. Мислевме дека ја повреди нога. И отидовме во болница. Таму го задржаа. Му рекоа, дека нешто не е во ред со главата и дека има мал хематом. Според моите информации тој е свесен и не е многу страшна повредата. Треба да биде на опсервација три дена. Се надевам дека се работи за обична повреда, изјави Наталија Буланова. Од друга страна, „Известија“ објави дека Анатолиј Карпов е приклучен на апарати и е во вештачка кома поради дијагностициран церебрален едем, скршеници и повеќе хематоми на главата. Покрај тоа, неговата состојба е комплицирана и од хронични заболувања. Во меѓувреме, претседателот на Руската шаховска федерацијата, Андреј Филатов изјави дека организацијата е подготвена да му даде на Анатолиј Карпов секаква поддршка во прашањето за закрепнување. - Во име на сите љубители на шахот и во мое лично име, му посакувам брзо закрепнување. Се надевам дека процесот на опоравување ќе биде брз и успешен, бидејќи Анатолиј Карпов е роден борец и вистински спортист. Руската шаховска федерација, се разбира, е подготвена да му даде каква било поддршка што може да биде потребна, ја цитира ТАСС изјавата на Филатов. Седумдесет и едногодишниот Карпов е двократен светски шампион како дел од тимот на СССР, шесткратен победник на Светските шаховски олимпијади како дел од советскиот тим и трикратен шампион на СССР. зс/

Остани поврзан