• недела, 24 ноември 2024

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра
Рим, 29 март 2020 (МИА) - Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата, изјави министерот за спорт, Винченцо Спадафора. Со мерката ќе бидат опфатени сите спортови и на аматерско и на професионално ниво. - Спортот не е само фудбал, а фудбалот не е само Серија А. Парите ќе одат како помош и на основните спортови на аматерско ниво. Сигурен сум дека мерката ќе биде двигател, рече Спадафора за „Ла Република“. Тој очекува да има барања за промени по завршување на кризата. - Клубовите живеат во „балон“, надвор од своите можности, почнувајќи од платите на фудбалерите. Мора да сфатат дека по оваа криза, ништо повеќе нема да биде како што било“, додаде италијанскиот министер за спорт. сѓд/

Остани поврзан