Истрага против 30-годишен маж за силување во Тетово
- Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик.
Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик.
Како што стои во соопштението од ЈОРМ, во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи.
Бидејќи се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведуваат од ОЈО Тетово. вг/вј/
Фото: МИА Архива